Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оваа актерка го помина Божиќ на плажа

Оваа актерка го помина Божиќ на плажа

За празниците холивудската ѕвезда, Ева Лонгорија одлучи да избега далеку од студовите и да ужива во топлото море.

41-годишната актерка позираше до голема елка на плажа во Мексико, каде што таа и нејзиниот сопруг Хозе Бастон го прославија Божиќ.

По своја иницијатива актерката го зела Божиќното дрво од куќата и го однела на врелиот песок, пишува „Дејли мејл".

2016 година беше исполнета со позитивни емоции за ѕвездата од серијата „Очајни домаќинки". Ева Лонгорија се омажи по трет пат - за латиноамериканскиот медиумски магнат Хозе Бастон. Покрај тоа актерката го објави своето  модно деби. 

И на крајот на годината таа ја предводи листата за невести со најубави венчаници. Нејзината беше дело на Викторија Бекам.


Слично

Поврзани вести