Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ова се спортистките кои прават најмногу пари!

Ова се спортистките кои прават најмногу пари!
Руската тенисерка Марија Шарапова продолжува да биде најскапо платена спортистка во светот, тврди престижното списание "Форбс". Шарапова е на врвот во текот на цели десет години. Според изданието таа заработила 24,4 милиони долари во последната година. Интересно е дека само 2,4 милиони долари од оваа сума се заработени од наградни фондови по турнирите, а импресивни 22 милиони долари се од спонзорските договори. Сепак е за одбележување дека во втората половина на 2013 година Маша беше повредена и не учествуваше на турнирите. На втората позиција е најуспешна кинеска тенисерка на сите времиња Ли На, која заработила 23,6 милиони долари, 18 милиони од кои се од спонзорските договори. Серена Вилијамс е трета со 22 милиони долари, а точно половина од износот доаѓа од наградни фондови. Катарина Вит Ким ЈНА и натпреварувачката од НАСКАР Даница Патрик исто наоѓаат место во првата петорка, а во Топ 10 има уште четири тенисерки. Еве ги Топ 10 најплатените спортистки во светот: 1. Марија Шарапова (Тенис) - 24,4 милиони долари 2. Ли На (Тенис) - 23,6 милиони долари 3. Серена Вилијамс (Тенис) - 22 милиони долари 4. Ким ЈНА (Уметничко лизгање) - 16,3 милиони долари (16 милиони долари од спонзори) 5. Даница Патрик (Моторни спортови) - 15 милиони долари (8 милиони долари од спонзори) 6. Викторија Азаренка (Тенис) - 11,1 милиони долари (7,5 милиони долари од спонзори) 7. Каролина Вознјацки (Тенис) - 10,8 милиони долари (9,5 милиони долари од спонзори) 8. Агниешка Радванска (Тенис) - 6,8 милиони долари (3 милиони долари од спонзори) 9. Ана Ивановиќ (Тенис) - 6,4 милиони долари (5 милиони долари од спонзори) 10. Паула Кример (Голф) - 5,5 милиони долари (4,5 милиони долари од спонзори) К.К.
Слично

Поврзани вести