Економија, финансии, бизнис

Контакт

Oва се најевтините и најскапите далечни дестинации

Oва се најевтините и најскапите далечни дестинации

Според препораките на Поштата во Велика Британија најповолни дестинации за подолг престој се Банкок, Токио, Пекинг, а оние со поплиток џеб треба да ги избираат градовите во САД. 

Земени се во обзир 11 неопходни работи како што се храна, превоз, сместување, разгледување на градот и слично. 

413 долари се потребни за Банкок, односно 18 долари помалку од парите кои ќе ви бидат потребни за Токио. 439 долари ќе ви требаат за во Пекинг, 471 во Дубаи, 515  за Кејптаун, 533 за Сингапур, 657 за во Вашингтон, 798  во Торонто, 928 во Њујорк и 1.074 долари во Бостон. 

Храната во Токио е поевтина од онаа во другите градови. Предјадење, главно јадење, десерт со вино ќе ве чини во просек 44 долари. 

Истото во Сингапур ќе ве чини 130 долари што е доста скапо. 

Слично

Поврзани вести