Oва се факторите поради кои гласаме за некого на избори
Неколку дена пред изборите во Германија, новинарите од весникот Цајт ги прашаа експертите кои се факторите кои се пресудни за да гласаме за некого.
Одговорите покажуваат дека не се важни само рационалните аргументи.
Социологот Улрих Росар вели дека убавината може да влијае за тоа како ќе гласаме.
Додава дека колку помалку сме информирани за тоа што тој кандидат може да направи, толку повеќе ќе ни биде важен изгледот при одлучувањето.
Социологот вели дека повеќе паметиме што убавите луѓе кажале или направиле, а нивните грешки ги релативизираме.
Некои истражувања покажуваат дека луѓето се плашат од промени, а за да дојде до смена на власт, треба да има големо незадоволство. Луѓето гласаат за кандидати кои веќе се докажани.
Социјалните мрежи се важни за да ги поттикнат луѓето кои веќе се блиски до некоја партија.
Важно е политичките ставови да бидат јасно пренесени.
Друг фактор е програмата и интересите на луѓето.
