Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ова се десетте најуспешни жени менаџери во Македонија

Ова се десетте најуспешни жени менаџери во Македонија
Во рамки на 17-тата по ред манифестација “Избор на 10-те најуспешни жени менаџери за 2012 година“.  Агенцијата “Марили“ ги избра десетте најуспешни жени менаџери во Македонија во рамки на 17-тата по ред манифестација “Избор на 10-те најуспешни жени менаџери за 2012 година“. Целта на Манифестацијата е да се промовираат вистинските вредности и позитивни примери во областа на бизнисот. Успешните менаџерки се од најразлични области и дејности во економијата и се избрани според утврдени критериуми. За 2012 година најуспешните десет жени менаџерки се: 1. г-ѓа Нина Ангеловска, генерален менаџер, Принц Маркети - Скопје 2. г-ѓа Радмила Чобанова-Василевска, менаџер на сектор за контрола на квалитет, Бимилк - Битола 3. г-ѓа Ана Велковска, генерален менаџер, Канди шпед - Скопје 4. г-ца Радмила Димовска, генерален менаџер, Круна МС - Скопје 5. г-ѓа Емилија Зографска, менаџер во оддел за односи со јавност, ОНЕ – Скопје 6. г-ца Славица Илијеска, генерален менаџер, ресторани Македонска куќа – Скопје 7. г-ѓа Силвана Петровска, менаџер за ЉПС и инженеринг на трошоци, Вабтек МЗТ АД - Скопје 8. г-ѓа Лидија Станчевска, генерален менаџер, Нет Прес - Скопје 9. г-ѓа Шпреза Цапа, извршен менаџер, АД Дебарски бањи - Цапа 10. г-ца Драгана Чифлиганец, извршен менаџер, АДОРА Инженеринг – Скопје Специјално признание ќе и биде доделено на г-ѓа Есма Реџепова, по повод 55 години јубилеј. Во рамките на Манифестацијата свое обраќање ќе има министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска. Промоција ќе има и новото издание на Бизнис каталог на Република Македонија – 2013, збогатено со нови содржини.  На Манифестацијата свој настап ќе има младата виолинстка Ева Богоевска, а целиот настан ќе биде заокружен со модна ревија и коктел.
Слично

Поврзани вести