Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ова се цените на Nexus 6 и Nexus 9

Ова се цените на  Nexus 6 и Nexus 9

Google заедно со 6-инчениот смартфон го претстави и 8.9-инчениот таблет за чија изработка е задолжен HTC и кој ќе го носи името Nexus 9.

 Цената на таблетите се движи од 399 долари колку што е потребно да се издвои за основен WiFi модел со 16GB интерна меморија па се до 599 долари за  32GB на LTE верзијата.

Nexus 9 ќе биде прв уред во претстоечката Nexus линија која доаѓа со 64-битната поддршка благодарение на  dual core 2.3GHz NVIDIA K1 чип внатре.

Тука се и 2GB RAM, задна камера од 8 мегапиксели со автофокус, како и 6.700mAh батерија.

HTC дури успеал да ги вметне и своите препознатливи  BoomSound стерео звучници, но нема да имаме прилика да видиме опција за бежично полнење.

Кога Nexus 6 смартфонот е во прашање, корисниците можат да очекуваат 2.7GHz Qualcomm Snapdragon 805 чипсет,  3.220mAh батерија и камера со оптичка стабилизација на сликите и 13MP сензор.

Nexus 6 ќе доаѓа во верзии со 32 и 64 GB интерна меморија, а се очекува цената на моделот со 32GB интерна меморија ќе чини 649 долари без договорни обврски.

Тоа значи дека ова ќе биде најскап nexus смартфон кој Google досега го претставил.

Слично

Поврзани вести