Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ова прашање мора да го поставите на интервју за работа

Ова прашање мора да го поставите на интервју за работа

Интервјуто за работа може да се одвива двонасочно со поставување на прашања за да кандидатот и работодавецот видат дали си одговараат еден на друг. 

„Кој ќе успее на оваа позиција“, може да праша идниот работник за секторот каде се пријавува за работа. 

„Што сметате дека е успех врзано за оваа позиција“, е прашање кое исто така не е грев да го постави кандидатот за работа. 

Ова прашање може да ни даде инсајдерска информација за перспективата на компанијата. 

Таква информација нема да најдете на интернет. 

На тој начин ќе видите дали вашите цели се поклопуваат со плановите на компанијата. 

Ќе се уверите дали имате способности, вештини и навики кои компанијата ги бара. 

Најголем дел од времето го поминуваме на работа, односно повеќе време отколку со семејството и пријателите и затоа е важно да бираме внимателно. 

Слично

Поврзани вести