Ова не смеете да го правите во Рим
Ако се одлучите да патувате во вечниот град Рим, немојте да го правите она што го правеле некои туристи во 2016 година.
Рим е град споменик, а неговите фонтани не се за капење и Колосеумот не е за шкртање.
Летото во Рим лани беше топло, па некои туристи одлучиле да се разладат на необичен начин така што се капеле во фонтаната ди Треви.
Но, тоа се покажало како неумесно и на лице место дошле полицајци кои им пишале казна од 450 евра.
Но, тие не биле единствени, пред нив и британски турист се капел во фонтаната и исто платил казна.
Имало и случај каде Италијанци се капеле во фонтаната стара 400 години, но заминале пред да дојде полицијата, а потоа со фотографии на социјалните мрежи се откриле самите себе.
Пред две години Русин на Колосеумот напишал буква К, по што платил казна и добил 4 месеци затвор.
