Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ова е совршен телефон за креирање привлечни содржини на вашите социјални мрежи

Ова е совршен телефон за креирање привлечни содржини на вашите социјални мрежи

Петтата генерација на паметнитe телефони на преклопод Samsung пристигна со Galaxy Z Fold5 и Galaxy Z Flip5, кои овој пат навистина донесоа ново, револуционерно искуство за сите корисници на телефони на преклоп, и уште повеќе од тоа – сé повеќе луѓе сериозно размислуваат стандардната форма на телефонот да ја заменат со телефон на преклоп. Ова се должи пред сé на елегантниот дизајн, моќните перформаси и новите професионални карактеристики на камерите на новите Galaxy Z Fold 5 и Galaxy Z Flip 5. А со новите карактеристики Flex Hinge и FlexCam дополнително е усовршено целокупното искуство со телефони на преклопи.

Перформансите на камерите  на овие два уреди се создадени соодветно да одговорат и на оние кои работат во креативните индустрии, не само да им обезбедуваат креирање на одличен контент на дневно ниво, туку и да ги инспирираат.

Galaxy Z Flip5 донесува иновативни решенија за сите креатори на контент

Модерната технологија денес ни овозможува да ја истражуваме уметноста на многу нови начини, додека Samsung Galaxy Z Flip5 ќе ви даде можност да ја изразите вашата креативност со своите импресивни и напредни камери. Овој телефон не е само уред, тој е магичната четка на модерното време, која ви овозможува да креирате уметнички дела кои ќе инспирираат и воодушевуваат. Секој детал во вашите содржини кои ги создавате ќе биде снимен со неверојатна јасност благодарение на главната камера со висока резолуција и без разлика дали сте на отворено или внатре, тие ќе бидат живописни и автентични, давајќи ви идеална база на бои за вашите креативни проекти. Со овие фотографии, вашите социјални мрежи, блог портали, веб-страници, презентации итн., ќе бидат совршени.


Galaxy Z Flip5 е опремен со предна камера од 10MP со поширок агол, ултраширока камера од 12 MP и широка камера од 12 MP. Подобриот хардвер со супер јасни леќи и подобар софтвер со адаптивниот VDIS работат совршено заедно создавајќивосхитувачки фотографии, селфија и видеа, кои можете да ги правите и без раце од креативни агли со FlexCam, а Flex Mode ќе го направи брзо и лесно прегледувањето и уредувањето на снимките. По ваша желба можете лесно да го прилагодите тонот на бојата или да бришете слики на екранот Flex Window користејќи ја опцијата Quick View, а кога создавате содржини со вашите пријатели во кадарот, Dual Preview им овозможува да се гледаат на екранот Flex Window, каде што можат да направат прилагодувања во реално време за совршени снимки. Сакате да правите занимливи видеа или импресивни фотки во движење? Со Super Steady стабилизацијата на камерата, тие ќе бидат непречени, додека со Auto Framing, никој нема да биде исклучен од фотографијата. Или пак можеби сакате да истражувате различни стилови и техники на фотографирање – и тоа ќе ви го овозможи паметната камера на вашиот Galaxy Z Flip5 давајќи ви опции да експериментирате со ноќни фотографии, панорами или макро снимки.

Потребно ви е совршено видео за на TikTok? Galaxy Z Flip5 е просто создаден да ви го пружи тоа.

Создавањето на привлечно видео не само за TikTok, туку и извонредни рилсови, сториња за Facebook, Instagram и било која друга социјална мрежа која ја користите, претставува задоволство токму поради импресивниот и уникатнен дизајн на Galaxy Z Flip5. Овој креативен предизвик чекор по чекор би изгледал вака:

1. Направете си концепт и замислете како да го вклучите преклопувањето во приказната, транзициите или како елемент на изненадување во видеото.

2. Дел од приказната може да бие некоја од транзициите или трансформација на пример, да прикажете пред и потоа во видеото.

3. Запомнете дека при снимање може да се доловат необични агли и перспективи. Испланирајте ги аглите и поставете го телефонот наопаку како шатор, а потоа полусклопен и на страна, за да биде видеото динамично и секоја сцена да биде нова и од различна перспектива.

4. Можете на пример, како кул почеток за прв крупен кадар да искористите прсти што го отвораат, вториот да е веќе селфи. 

5. Освен трансформации, затворањето може да биде кадар за крај или тригер за следна сцена

6. Со ефектите на поделен екран можете да постигнете  споредба „пред“ и „после“, еден до друг вижуал, или пак на едната страна од екранот детали од содржината одблиску, додека на другата да ја прикажете целокупната сцена.

7. Користете ги боите и осветлувањето креативно за експериментирање со контрасти на бои и светлосни ефекти.

8. Поради својата единствена форма на склопување и расклопување, Galaxy Z Flip5 може за лајв видеа да го ставите било каде, затоа што е стабилен и не ви е потребен трипод, па така од секаде можете да бидете во контакт со публиката, и не заборавајте – лајвовите секогаш носат повеќе енгејџмент!

Бидете поврзани!


Samsung има многу причини зошто им овозможува на корисниците на Galaxy уредите да бидат врзани во Samsung екосистемот, и повеќето се однесуваат на содржините. Ако го поврзете вашиот нов паметен часовник Galaxy Watch6 или Galaxy Watch6 Classic со новиот Galaxy Z Flip5 можете да креирате содржини со правење видеа, селфија или фотографии од далечина; ако го поврзете вашиот Galaxy Z Fold5 со еден од новите таблети Galaxy Tab S9, Galaxy Tab S9+ или Galaxy Tab S9 Ultra ќе можете уште попрегледно да ја изработите презентацијата за вашиот креативен проект. А за беспрекорни аудио перформанси, тука се  одличните Galaxy Buds2 Pro кои лесно ќе ги врзете со сите уреди за потполно и извонредно аудио искуство, како и за визуелна професионалност во вашите содржини.

Повеќе за сите нови уреди од линијата Galaxy прочитајте на следниве линкови:

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-flip5/

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-fold5/

https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch6-classic-43mm-silver-bt-sm-r950nzsaeuc/

https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch6-40mm-gold-bt-sm-r930nzeaeuc/

https://www.samsung.com/mk/tablets/galaxy-tab-s/galaxy-tab-s9-ultra-wi-fi-graphite-256gb-sm-x910nzaaeuc/

https://www.samsung.com/mk/tablets/galaxy-tab-s/galaxy-tab-s9-plus-wi-fi-graphite-256gb-sm-x810nzaaeuc/

https://www.samsung.com/mk/tablets/galaxy-tab-s/galaxy-tab-s9-wi-fi-graphite-128gb-sm-x710nzaaeuc/

https://www.samsung.com/mk/audio-sound/galaxy-buds/galaxy-buds2-pro-bora-purple-sm-r510nlvaeuc/

ПР објава

Слично

Поврзани вести