Ова е рецептот за совршен одмор!
Сите мечтаеме за совршен одмор, а нашите идеи за тоа што некој пат го прави „совршен“ веројатно се многу слични, пишува Huffington Post.
Меѓутоа, истражувањето кое го спроведе авио-компанијата Monarch Airlines покажува дека оваа желба сепак може да се разликува.
Оваа авио-компанија неодамна анкетирала илјадници патници од Велика Британија за тоа што за нив престатвува „совршен“ одмор:
-Совршено патување долго 11 дена и се одвива во јули -Совршен лет трае 4,5 часа
-Совршен хотел поседува базен и бар кој работи цела ноќ и се наоѓа на седум минути одење од плажата
-Совршена книга за плажа е „Игра на престолот“
-Совршен трансфер од аеродромот изнесува 16 километри и тоа во лимузина
-Совршен пијалок за добредојде е пиво за мажи, а чај за жени
-Совршен партнер е личноста во која сте заљубени или вашиот партнер
-Совршена облека ја сочинуваат црни бикини или плав шорц за капење
-Совршен одмор би требало да чини 1.025 долари по личност
