Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ова е причината поради која не можете да го оставите пушењето?

Ова е причината поради која не можете да го оставите пушењето?

Американските научници од државниот Универзитет Пен откриле дека некои луѓе не можат да престанат да пушат поради проблем кој е поврзан со процесите кои се одвиваат во мозокот.

Имено, научниците откриле дека испитаници кои покажале најмалку реакции на награди, имаат најмали шанси да се одвикнат од никотинот.

Во истражувањето учествувале 44 пушачи, на кои научниците им ги проучувале реакциите во центарот на мозокот на понудена награда, односно пари за секоја цигара која нема да ја испушат.

При тоа, тие не смееле да пушат барем 12 часа пред да бидат подложени на експериментот, а потоа биле под магнентна резонанца и играле игра погодување карта со можност за заработка.

Исто така им е кажано дека мора да чекаат два часа до крајот на експериментот па да испушат цигара.

Меѓутоа, во текот на играта, на половина од испитаниците им е речено дека дошло до грешка и дека можат да излезат на пауза во траење од 50 минути и речено им е дека ќе добијат по 1 долар на секои 5 минути ако не пушат во текот на паузата.

Експерти тогаш откриле дека пушачите кои не издржале да не запалат цигара, покажале послаби реакции во центрите на мозокот задолжен за награда.

 
Слично

Поврзани вести