Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ова е официјално најдобрата земја на светот

Ова е официјално најдобрата земја на светот

Ирска е прогласена за најдобра земја на светот поради тоа што најмногу допринела за човештвото и планетата, тврди новото истражување, а пренесува „Индепендент“.

Резултатите се претставени во рамки на првиот „Добра земја“ индекс, кој ги рангира земјите врз основа на 35 одделени фактори на Обединетите нации, Светската банка и други интернационални институции.

Британија се најде на седмо место, но имајќи го предвид цветањето на технолошката индустрија се најде на првото место на листата земји кои најмногу добринеле на науката и технологијата.

Воените жаришта Ирак, Либија, и Виетнам завземале само дно на листата.

Иако на прво место се најде Ирска, нордиските земји се прифатени како регион кој најмногу допринел на човештото и планетата - и така го надминале секој дел од светот. САД се најдоа на дваесет и првото место покрај лошите оценки кога се во прашање мегународниот мир и безбедност.

Кенија е прогласена за најдобра нација во Африка која најмногу допринела за планетатаи се наоѓа на дваесет и шестото место на листата и е единствена земја од континентот која стигнала меѓу првите триесет земји.

Слично

Поврзани вести