Ова е најважно за да „преживеете“ на работното место
Од 2020 година во Јапонија пакети и писма наместо луѓе ќе разнесуваат дронови.
Во 2022 година за 35% од работните места нема да се бараат веќе работници.
Американци на младите им советуваат да бираат професии за кои постои најмала шанса дека по 2024 година ќе ги нема.
За „преживување“ на работното место до 2040 година креативноста ќе биде најважна.
Поштари и доставувачи се професии кои исчезнуваат, а се бараат луѓе кои работат со софтвери, инженери, сметководители, лекари, медицински сестри и други профили.
Медицинските сестри се најбарани во 15 европски земји, Австралија, Нов Зеланд и Канада.
Сметководители се бараат во 11 земји.
Столари се потребни во Русија и Австралија, а наставници во Данска, Шведска, Канада, Австралија, а новинари во Италија и Канада.
