Економија, финансии, бизнис

Контакт

Oва е фризерот на војвотката Кејт – најскапиот во Кралството

Oва е фризерот на војвотката Кејт – најскапиот во Кралството
Кога ќе се појави слика на Војвотката од Кембриџ со сиви прамени вметнати во нејзините беспрекорни кадрици, таа очигледно одлучила дека е крајно време да инвестира во некој сериозни стајлинг за промена по бременоста . Кејт резервирала прекувремен час кај најскапиот фризер во земјата , а потоа поминала шест часа во обликувањето на идеалната фризура. Според Daily mail, во неделата, Кејт поминала повеќе од половина ден во луксузниот салон Rossano Ferretti hair spa во централниот дел на Лондон , каде потстрижување од господин Ферети чини 600 фунти. Во него 31-годишната војвотката добила ВИП услуга во стан на третиот кат , каде што и ја имаат направено косата во целосна доверливост . Според сведоците , кога Кејт го напуштила салонот , изгледала неверојатно , со чудесната коса. Тоа беше првата можност за Кејт да се занесе во женски уживања по раѓањето на принцот Џорџ . Бидејќи го дои бебето , досега таа го поминуваше поголемиот дел од времето дома со него . Имотот The Regency каде се наоѓа луксузниот фризерски салон , повеќе личи на семејна куќа . Клиенти на реномираната установа се членовите на саудиското кралско семејство , како и принцезата. Мајката на Кејт Мидлтон - Керол , исто така, го посетува. Правењето на фризура во салонот може да трае од еден час до цел ден . Една од најпопуларните фризура е знаменитата "невидлива фризура " на Ферети која тој ја прави со посебни рачно изработени ножици.
Слично

Поврзани вести