Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ова е единствената земја која на туристите им нуди антитерористичка обука

Ова е единствената земја која на туристите им нуди антитерористичка обука

Постојат многу причини зошто да го посетите Израел. Во зависност од интересот, може да посетите значајни религиски места како Назарет, да прошетате по долгите песочни плажи или едноставно да уживате во волшебствата на Тел Авив.

Сепак, можете да работите и нешто сосема друго-да пукате од модерно оружје и да вежбате боречки вештини со израелските воени ветерани.

Имено, последната спомната опција стана необичен дел од некои посети на светата земја, а се благодарение на академијата Калибер 3 која се опишува како „водечка противтерористичка и безбедносна академија во Израел“.

Академијата уште во 2003 година ја основал полковникот Шарон Гат, а таа нуди разни „искуствени пакети“ наменети за туристи како и „сигурносни решенија, заштита од големи закани, разузнавачки операции“ и останати работи наменети за клиенти ширум светот.

Посетителите овде може да се пријават на разни курсеви, вклучувајќи двочасовна „стрелачка авантура“ каде може да научите да пукате од разни пушки, вклучувајќи и снајпер. Тука е и програмата за „Преживување и снаоѓање“ во кое туристите два дена поминуваат тренирајќи во тешки услови како би ги унапредиле своите вештини. Секако можно е да се вежба и познатата израелска боречка вештина позната под името Крав Мага.

Сепак, работите не одат цело време подмачкано, со оглед на тоа дека палестинските заедници сместени во близина на место каде се наоѓа Калибер 3 академијата ја обвиниле за промовирање на насилство и создавање на профит на израелско-палестински судир. На тие обвинувања од академијата едноставно одговараат како нудат „вредна услуга во тешки времиња“.

Годишно академијата ја посетуваат 25 000 туристи од кои повеќето се Американци.

Слично

Поврзани вести