Економија, финансии, бизнис

Контакт

Отвoрени концерти Божиќен орекстар со хор, Дарио, Викторија Лоба, Пеце отвoрени концерти во Скопје Сити Мол!

Отвoрени концерти Божиќен орекстар со хор, Дарио, Викторија Лоба, Пеце отвoрени концерти во Скопје Сити Мол!

Како што веќе Скопје е запознаено со празничниот базар во Скопје Сити Мол, денес ви ја претставуваме програмата за следните денови. Новогодишниот базар ги привлекува посетителите веќе со недели, и тоа се заради интересни содржини и весела празнична атмосфера. Базарот работи секој работен ден од 17:00 часот, додека за време на викендите од 12:00 часот со детска програма.

Skopje City Mall со задоволство ги најави музичките изведби отврени за јавност за оваа недела.

Тоа се:

Среда – Брејк Даун Бенд со Пеце Суперхикс 20:00 часот

Четврток -Камерен Oрекстар Битола“James Bond” 20:00 часот

Солисти: Наде Талевска, Ирена Димовска, Ана Христова

Петок - Божиќен орекстар и хор 19:00 часоти концерт на Дарио 20:00 часот

Сабота - Викторија Лоба 20:00 часот

Недела – Џанкјард бенд 18:00 часот

Во склоп на празниците е еден нов проект кој е интересен за јавноста, а тоа е празничниот настан кој ќе се одржи во петок од 19:00 часот. Станува збор за божиќен орекстар под палката на Андреј Наунов проследен со хор проект на продукција “Триангл”. Солисти, Полина Тасева, Елена Петреска и Јане Дунимаглоски.

Концертите ќе се одржат на надворешниот Новогодишен базар во Скопје Сити Мол,

До сега ги видовме Тамара Тодевска, Нокаут, Дац и Александар, Саут Парк, Гоце САФ,Pancho Shorty и многу други, а следат уште повеќе Дарио, Викторија Лоба, Aлександра јанева и настапи на оркестри.

“Скопје мириса на цимет и варено вино... Дојдете во Skopje City Mall и почувствувајте ја вистинската празнична магија.  Желбите се остваруваат ако силно посакаш и ако не се плашиш да сонуваш. Дојдете на новогодишниот базар и заедно да посакаме посреќна нова, пред најубавата елка во Скопје”велат од Скопје Сити Мол

Секој ден различна музичка бајка. Волшебство во градот – Дојди, посакај, сонувај

Во продолжение музичката програма за оваа недела на. Новогодишен базар во Skopje City Mall.

ПР објава

Слично

Поврзани вести