Отворен првиот нудистички ресторан
Во Лондон се отвори првиот нудистички ресторан и првите посетители веќе ги споделија своите впечатоци.
„Никогаш не сум се чувствувал поудобно на вечера"-напиша еден од првите посетители на страницата на Фејсбук.
Ресторанот The Bunyadi има 42 места и ќе работи три месеци, а веќе 46 000 луѓе се запишале да го посетат, тврди „Индипендент".
Келнерите се полуголи. Внатре се бара телефоните и други електронски уреди да бидат оставени во посебни шкафчиња, за да не прави никој слика во локалот.
Во локалот има и зона за посетители, кои сакаат да јадат со облека.
Предметите во локалот се целосно природни, а во нив нема напредна технологија. Јадењата пак се нудат во глинени садови.
Слично
