Отворен повик за постипломски студии по економија и бизнис – Менаџмент и организација на Економски факултет – Љубљана, во Скопје
Државниот Економски факултет – Љубљана при
Универзитетот на Словенија (www.ef.uni-lj.si), преку својот Регионален центар во Скопје,
овозможува и отвора упис на постдипломски студии (Менаџмент и организација) на
Меѓународната бизнис академија (IBA).
Повикот за пријавување на магистерските студиите трае до крајот на јануари
2018 год. Наставата за новата генерација започнува во февруари 2018 год.

Економски факултет – Љубљана е првиот и моментално единствениот факултет
со т.н. „Тројна круна“ во Југоисточна
Европа кој ги има највисоките интернационални
акредитацииEQUIS, AASCBи AMBA. Со овие акредитации
факултетот се вбројува во првите 1% бизнис и економски школи во светот. Високо
позиционирани професионалци
и менаџери од познати компании и банки (Македонски Телеком, Алкалоид, Belupo -Македонија,
Стопанска банка, Комерцијална банка, RHAU Maкедонија, НБРМ, ЕВН Македонија,
OSCE, USAID, Американската стопанска комора во Косово, Прокредит
банка - Косово...), имаат напредувано во својата кариера и го имаат надградено
својот бизнис и со помош на стекнатото знаење од мастер програмата на Интернационалната
бизнис академија (IBA) на Економски факултет – Љубљана во Скопје.

Мастер програмата на IBA, веќе единаесет години се одвива во Скопје и целосно е идентична со студиумот во Љубљана (професорскиот кадар, квалитетот, критериумите и методологијата на наставата, најнова литература и дополнителни материјали, современи реални примери ...).
Магистрантите на оваа програма низ изучувањето на високо-стручна теорија и конкретни практични примери и вежби, се здобиваат со повисоко ниво на знаење и вештини за усовршување на своите аналитички и лидерски способности кои што ќе им помогнат да идентификуваат и решаваат комплексни бизнис проблеми во текот на своето работење.

Постдипломските студии се од областа на финансии,
маркетинг, човечки ресурси...
На програмата можат да се пријават лица со професионално искуство (менаџери
и претприемачи, извршни директори, амбициозни експерти и консултанти...), како
и мотивирани дипломци без работно
искуство. Мастер студиумот е наменет за економисти и неекономисти од сите професии (инженери, правници,
фармацевти...)

Заинтересираните кандидати за детални информации може да се обратат до Регионалниот центар на Економски факултет–Љубљана (www.ef.uni-lj.si) во Скопје (cisef@skopjefair.com.mk;070 338 570).
