Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОТПОРЕН НА КОРОНА: Овој сунгер кој вирее недалеку од Македонија е „убиец“ на вирусот

ОТПОРЕН НА КОРОНА: Овој сунгер кој вирее недалеку од Македонија е „убиец“ на вирусот

„Убиецот“ на коронавирусот се крие во длабочините на Јадранот. 

Ова го тврдат научници од Германија. 

Експертите од Бергакадемијата во Фрајберг веруваат дека пронашле решение. 

Тврдат дека тоа е на морското дно крај брегот на Црна Гора, пишува германски „Фрај прес“, објави „Приморске новине“.

Има жолта боја и затоа се нарекува златен сунѓер. 

Латинското име на билката е Aplysina aerophoba, а вториот збор во името значи „страв од воздух“, т.е. од изронување. 

Ако го извадите од водата, бојата брзо се менува во сино-црна.

Научниците  се заинтересирани за отпорноста на сунѓерот против бактерии, вируси, бацили. 

Сунѓерот од црногорскиот брег е отпорен на Ковид 19.

Светската здравствена организација тврди дека сите докази упатвуваат на тоа дека новиот коронавирус го пренеле лилјаци во Кина на крајот на 2019 година.

Научници ширум светот работат на пронаоѓање вакцина против коронавирусот.

Голем удар претрпеа Кина, Италија, Шпанија, САД.

Слично

Поврзани вести