Економија, финансии, бизнис

Контакт

Откупот на млеко во Хрватска се стабилизира, ама контролите продолжуваат!

Откупот на млеко во Хрватска се стабилизира, ама контролите продолжуваат!
Министерството за земјоделство објави денеска дека како дел од Акциониот план за решавање на проблемите во млечни сектор, било одлучено да се врати откупот на 47 отсто од вкупниот обем на произведено млеко опфатено со планот, кај кое нивото на афлатоксин падна на дозволената граница. Млекарниците продолжија со откуп на млеко од фармите, а од 26 февруари кога букна аферата, па се до до вчера, 11 март, собрани биле 952.676 литри млеко, посочуваат од Министерството. Млечните производители кои користат алтернативна храна добија дозвола да го даваат млекото за откуп во големите млекарници, бидејќи кај нив нивото на афлатоксин во млекото е во дозволени граници. Оттука, согласно зголемените контроли на хрватското млеко, сега се откупуваат дневно по 740.572 литри здраво млеко. Според државните служби, ветеринарна инспекција, земала примероци од млекото од 493 проблематични фарми, а негативни наоди на афлатоксини биле утврдени во 161 примерок. На тие фарми им било дозволено да продаваат млеко.  
Слично

Поврзани вести