Економија, финансии, бизнис

Контакт

Открија огромно езеро под заспан вулкан

Открија огромно езеро под заспан вулкан

Волуменот на езерото е споредлив со оној на Горното Езеро. 

Британски и француски научници открија воден резервоар на 15 километри под заспаниот вулкан Утурунку во Боливија, соопшти „Сајанс алерт". Волуменот на езерото е споредлив со оној на Горното Езеро, најголемото од петте Големи езера во Северна Америка, пишува сајтот.

Подземното езеро во боливискиот Енди е со зафатнина од околу 1,5 милиони кубни километри. За разлика од големите езера на површината сепак, тоа е со температура 1000 степени Целзиусови и водата е обоена со стопена карпа.

Оваа мешавина ја зголемува уште повеќе опасноста вулканот да еруптира.

Според научниците слични магма езера можат да се кријат и под други активни вулкански области, на пример во Нов Зеланд.


Слично

Поврзани вести