Економија, финансии, бизнис

Контакт

Откриени учесниците во тепачките во автобусите на ЈСП, 13 малолетници се осомничени

Откриени учесниците во тепачките во автобусите на ЈСП, 13 малолетници се осомничени
Два од трите инциденти каде настрадаа средношколци во автобуси на ЈСП се расчистени, соопшти полицијата. Според информациите од Министерството за внатрешни за  нередите  автобусите со број 33 и број 7 се осомничени 13 лица и сите се малолетни. Притоа двајца од малолетниците учествувале во инцидентот и во двата автобуси. Во случајот во автобусот број 33 насилниците нападнале 17 годишен ученик од Скопје, и без повод и причина му нанеле видливи повреди по што средношколецот побарал лекарска помош. Во инцидентот во автобусот бр.7, нападнат е 15 годишен ученик од поголема група, исто така  ученици на негова возраст, повторно без причина. Сепак, за најголемиот инцидент минатата недела, во 65-ка  каде повредени беа шест лица, нема сеуште осомничени. Сепак од полиција потврдија дека дел од приведените во инцидентите од порано се познати на полицијата како сторители на кривични дела и насилство, а за нив ќе следат кривични пријави. Со последните слулаи, како што информираат од МВР, бројот на малолетници кои годинава се откриени и санкционирани заради учество во инциденти се искачи на 150 лица.
Слично

Поврзани вести