Економија, финансии, бизнис

Контакт

Откриена најголемата измама во земјоделскиот и прехранбениот сектор!

Откриена најголемата измама во земјоделскиот и прехранбениот сектор!
Производителите на едно од најценетите и најскапите тоскански вина Брунелo од околината на Монталчино останаа шокирани кога полицијата им соопшти дека во последен момент е спречена продажба на околу 220.000 фалсификувани шишиња вино од овој наградуван вински бренд. Познат експерт за вино му продал локално вино со полош квалитет на производителот задолжен за зреење и продажба на црвеното вино Брунелo ди Монталчино, извести полицијата во Сиена. „Станува збор за досега најголемата измама во прехранбениот и земјоделскиот сектор“, рекол шефот на полицијата Лука Албертарио. Кога измамата била откриена, виното уште се наоѓало во буриња за зреење, но да не било така, оргиналните шишиња со фалсификувано Брунело би стигнале на трпезите во многу ресторани во целиот свет. Вредноста на околу 160.000 литри фалсификувано Брунело ди Монталчино, доколку виното се најдело на пазарот, можела да достигне износ од пет милиони евра. Засега е покрената истрага само против еден познат енолог, а конзорциумот за вина Брунело ди Монталчино и италијанската покраина Тоскана ќе покренат тужба против него.
Слично

Поврзани вести