Економија, финансии, бизнис

Контакт

Откриена најголемата измама со станови, фризерка заработила над 600 илјади евра

Откриена најголемата измама со станови, фризерка заработила над 600 илјади евра

Над 600 илјади евра тежи последната измама со продавање на станови која денеска беше откриена во земјава. Против дваесет и деветгодишната поранешна фризерка(Б.Д) од Скопје полицијата поднесе кривична пријава за бидејќи заедно со својот татко како помошник измамиле триесетина граѓани.

Од декември 2011 па се досега, на пријатели и нејзини познаници им нудела станови по цена од 400 евра од квадрат, како проект за лица со посебни потреби и инвалидитет. За да биде поуверлива ги печатела документите за вакви станови кои се јавно достапни на веб страницата на Владата. Измамените граѓани уплаќале меѓу 15 и  30.000 евра на банкарската сметка на нејзиниот татко, а скопјанката ги лажела дека останите пари ќе ги обезбеди од странски донации, односно од белгиската, холандската и македонската влада.

Оштетените лица парите ги уплатувале на сметката на нејзиниот татко, појаснуваат од МВР , а таа им кажувала дека ќе треба да потпишат договор за купопродажба на станот и истиот да го заверат кај нотар, со кој договор подоцна би отишле во Агенцијата за катастар на недвижности – Скопје за да добијат прелиминарен имотен лист. Откако во повеќе наврати оштетените контактирале со пријавената и постојано измислувала најразлични приказни за да го одложи потпишувањето на договорот,случајот го пријавиле во полиција.

Поранешната фризерка живеела живот на висока нога, а со парите кои ги собрала купила луксузен стан и возела скапи автомобили.

Прво во полиција пријавиле 13 граѓани кои на сметката на татко и уплатиле 310.000 евра, но кога се објави аферата во полиција истата измама ја пријавиле уште 17 граѓани кои уплатиле вкупно 340 илјади евра. Со оглед на тоа што на спорната сметка има уплаќано повеќе пари од досега пријавената штета, од МВР не ја исклучуваат можноста бројот на оштетени граѓани да расте.

Полицијата продолжува да работи на докажување и документирање на уште измами сторени од страна на пријавените и стои на располагање и на други граѓани кои поверувале во нивната приказна уплаќајќи одредена сума пари.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=-TLsqhSrPXo

Фризерката и нејзиниот татко, добија 30 дена притвор.

Слично

Поврзани вести