Економија, финансии, бизнис

Контакт

Отец Царкњас: Македонската православна ја интересираат само пари!

Отец Царкњас: Македонската православна ја интересираат само пари!
За Македонската православна црква поважни се парите од верниците, смета отец Никодим Царкњас. Тој е единствениот свештеник кој  богослужи во деловите со Македонци во северниот дел на Грција. Во изјава за Канал 5, тој вели дека црквата ја интересираат само пари, скапите одежди на владиците и големите епархии. „Воопшто не водат грижа за верниците надвор од Македонија“, вели тој. Уште пред една деценија е почната изградабата на црквата на МПЦ во Воден со помош на македонската дијаспора во САД и Австралија, но сеуште не е завршена. „Немаме никаква поддршка и од македонските власти чии залагања, како и оние на црквата се премногу тивки, а тоа пак ги обесхрабрува активистите од македонското малцинство во Грција“, вели Царкњас кој прашува зошто митрополитот на Европската епархија на МПЦ досега ниту еднаш не дошол во Грција, за да даде барем духовна подршка на верниците.  
Слично

Поврзани вести