Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Освежи го домот“ – акција на „Рамстор“

„Освежи го домот“ – акција на „Рамстор“
Од денеска па се до 9 април во сите Рамстор маркети започнува голема пролетна акција  “Освежи го домот”,  преку која потрошувачите ќе имаат можност да купуваат производи за чистење со специјални попусти и акции. Истовремено во трговскиот центар своите предлози за пролетно подновување на домот ќе ги претстават повеќе компании за мебел меѓу кои : Монтенегро, Дормео, Енза Хом, Алмеро душеци, Pierre Cardin и Mothercare. Како што велат претставниците од Рамстор, пролетта е вистинско време за освежување и подновување на домот, затоа оваа акција има за цел на потрошувачите на Рамстор да им понуди една комплетна понуда за пролетно чистење и инспирација за подновување на домот преку експонатите на мебел. Со акцијата “Освежи го домот”  Рамстор испраќа покана до сите љубители на пролетта и свежината во домот да ги посетат маркетите и трговскиот центар, да купуваат производи со специјално намалување и да се инспирираат за подновување на домот.  
Слично

Поврзани вести