Осум интересни детали за основачот на Фејсбук Марк Цукерберг
Како еден од тројцата луѓе во светот кои имаат повеќе милијарди на сметката, отколку години, само прашање на време е кога Марк Цукерберг ќе стане најбогатиот човек на светот. Но, и покрај големото материјално богатство, Цукерберг е познат по својата скромност и хуманитарниот дух.
Ова се осум работи кои го прикажуваат во сосема поинакво светло од она кое често го гледа јавноста.
Едноставен стил
И покрај милијардите, Цукерберг води прилично скромен живот, а тоа се гледа и по неговиот стил на облекување - не се одвојува од своите маици со капа.
Донации
Во 2013 година донираше дури четири милијарди долари во фондот на Силиконската Долина. Освен тоа, донирал пари на јавно училиште во Њуарк и во непрофитни интернет страници.
Фолксваген
Цукерберг е прилично скромен и кога станува збор за автомобилите. И покрај големата понуда на пазарот денес, тој сепак одбрал да вози Фолксваген ГТИ вреден само 30.000 долари.
Лицето на Фејсбук
Во Сингапур беше одржана изложба на кинеската уметничка Жу Јиа под мотото „Лицето на Фејсбук“. Погодувате, Марк Цукерберг беше главен мотив на сите слики.
Личност на годината
Во 2010 година магазинот Тајмс го прогласи за личност на годината, а во самиот врв на листата се најде и во изборите на Венити Фер и Форбс.
Успешна сестра
Малкумина знаат, но сестрата на Марк е исто така успешна во својата работа. Минатата година објави книга и беше дел од претставата на Бродвеј „Rock of Ages“.
Време во Кина
Заедно со својата сопруга Присла Чан, секој декември патува на две недели во Кина за да поминат време со нејзиното семејство. Имаат куче кое се вика Ѕвер.
Програмираше на 12 години
На возраст од 12 години, Цукерберг веќе програмирал. Креирал програма за пораки која неговиот татко ја користел во својата ординација.
Слично
