Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ориз нема, цената во кочанско расте!

Ориз нема, цената во кочанско расте!
Годинава ориз се бара под дрво и камен во кочанско, јави локалната телевизија Ирис која објави дека изминативе денови кочанскиот ориз наместо по очекуваните 40 денари за кулограм, трговците го откупуваат за 55 денари или поскапо за околу  40 отсто. Ова ги изненади кочанските производителите, но сега амбарите се празни и нема ориз за продажба, јавува Ирис. Според експертите растот на откупната цена се должи на недостигот на ориз на пазарот , но истовремено земјоделците се скептични дека цената ќе остане до крајот на жетвата. За годинава во кочанско се прогнозира слаба реколта главно поради доцното засејување и неквалитетното семе. Според најавите овој реон ќе произведе околу 13.000 тони бел ориз.
Слично

Поврзани вести