Економија, финансии, бизнис

Контакт

Oпожареното ОУ „Кочо Рацин“во село Долно Српци го посетија претставници на МОН

Oпожареното ОУ „Кочо Рацин“во село Долно Српци го посетија претставници на МОН

Претставници на Министерството за образование и наука го посетија објектот на подрачното основно училиште „Кочо Рацин“ во село Долно Српци, општина Могила, кое во пожар изгоре до темел.

Министерството, како што се наведува во денешното соопштение, првично ќе направи анализа за следните чекори кои ќе се преземат во соработка со општина Могила за надминување на настанатата состојба.

До санацијата на објектот на опожареното училиште, градоначалникот на општина Могила Славко Велевски понуди алтернативно решение за непречено одвивање на наставата на 64-те ученици.

Учениците ќе продолжат со часови во училиштата во Ивањевци и Могила, за што е обезбеден организиран превоз. Подрачното основно училиште „Кочо Рацин“ е реновирано во 2006 кога е опремено со нов инвентар и компјутерска техника.

Слично

Поврзани вести