Економија, финансии, бизнис

Контакт

Опасни ли се боите за јајца по здравјето?

Опасни ли се боите за јајца по здравјето?

Во последните години на пазарот се продаваат целосно природни бои за јајца направени од цвекло, моркови, куркума и друго. Но, нивните цени се доста повисоки од оние на вештачките бои.

Секоја боја има елементи како  Е-102, Е-110, Е-122, Е-131 и Е-133. Тие се присутни во речиси сите бои на пазарот.

Иако се дозволени, нивната употреба може да доведе до несакани ефекти за нашето здравје, како алергии и хиперактивност кај децата. Практично истите бои се користат за безалкохолни пијалоци и слатки производи.

Потрошувачите треба да го видат и рокот на траење на боите, а исто така да внимаваат кога купуваат веќе вапцани јајца. Одгледувачите на живина советуваат и за јајцата да се види до кога е рокот на траење. 

Слично

Поврзани вести