Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОНЕ со пензионерски пакет и во мобилната телефонија

ОНЕ со пензионерски пакет и во мобилната телефонија
 ОНЕ продолжува да креира понуди за пензионери, излегувајќи во пресрет на нивните специфични комуникациски потреби: ниска месечна претплата, бесплатни разговори, телефонски апарат лесен за користење, брза и едноставна процедура за склучување договор.
Промотивно, од 30-ти септември, на пензионерите во Македонија телекомуникацискиот оператор ОНЕ им ја нуди најдобрата постпејд понуда на пазарот, TOTAL S за пензионери, пакет со бесплатен телефон Alcatel 2000 и супер евтина месечна претплата од само 279 денари. Дополнително, TOTAL S за пензионери нуди: • Неограничени бесплатни разговори кон сите мобилни и фиксни броеви во мрежата на ОНЕ • Бесплатни минути кон другите национални мрежи • Бесплатни СМС пораки кон сите национални мрежи • Брза и едноставна процедура за склучување договор Единствено во ОНЕ , само со пензиски чек и лична карта, пензионерите можат да добијат постпејд пакет кој ќе им овозможи опуштена комуникација со нивните најблиски, намалени месечни трошоци за телефонски сметки и мобилен телефон прилагоден на нивните потреби: големи копчиња и опција за испраќање СОС пораки. Во своето портфолио ОНЕ нуди и фиксна линија со повластени услови за пензионерите.
Слично

Поврзани вести