Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОНЕ ја прошири својата понуда со два нови Тотал пакети

ОНЕ ја прошири својата понуда со два нови Тотал пакети

Телекомуникацискиот оператор ОНЕ го прошири своето Тотал портфолио на пакети со две услуги, фиксна телефонија и интернет. Како што соопшти компанијата кон постоечките Тотал С и Тотал М, ОНЕ ги воведува и Тотал Л, ХЛ и ХХЛ кои на корисниците на фиксната телефонија и интернет ќе им овозможат дополнителни придобивки.

Новите пакети со фиксна и интернет вклучуваат од 500 минути во Тотал Л до 1.200 во ТоталХХЛ за разговори кон мобилна и фиксна телефонија на ОНЕ, од 100 до 400 минути за разговори кон другите национални мрежи, од 500 ГБ до 1.200 ГБ интернет, како и вклучени бесплатни разговори за меѓународни повици и повици помеѓу фиксни и мобилни линии на корисникот.

Понудата е достапна за нови активации, обнова на постоечки договори и промени на постоечки тарифни модели.

Дополнително, компанијата од денеска промотивно на сите пост-пејд резиденти и бизнис корисници на интернет услуга, кои ќе направат активација или обнова на интернетот, им доделува бесплатно по 1.000 ГБ интернет, секој месец во наредните 24 месеци.

Слично

Поврзани вести