Економија, финансии, бизнис

Контакт

Окта го зголемува пазарниот удел

Окта го зголемува пазарниот удел
Понатамошното зголемување на пазарниот удел на ОКТА и на домашниот и на косовскиот пазар, позитивно влијаеше на финансиските резултати во третиот квартал од 2014 година.

3К 2014

3К 2013

Во милиони денари

9M 2014

9M 2013

6.705

7.356

Приходи од продажба

16.649

20.165

210

333

 Прилагодени оперативни трошоци*

752

618

155

167

ЕБИТДА*

184

116

ОКТА бележи трет последовател квартал со подобрување на оперативниот профит, што главно се должи на понатамошното зголемување на обемот на продажба како и пониските оперативни трошоци, кои се резултат на проектите за трансформација. Позитивните перформанси во третиот квартал од 2014 беа времено отежнати од падот на меѓународните цени на горивата и зајакнувањето на американскиот долар, кои заедно негативно влијаеја на прилагодената ЕБИТДА на ОКТА во овој квартал за 27 милиони денари. Севкупната ЕБИТДА за третиот квартал достигна 155 милиони денари, во споредба со 167 милиони во третиот квартал на 2013 година. И покрај негативното влијание од меѓународните цени, ЕБИТДА-та за оваа година до септември е 59% поголема отколку во истиот период минатата година.

Работниот капитал и ликвидност на ОКТА на крајот на третиот квартал се задржаа на извонредно ниво со достапни парични средства кои ги надминаа позајмиците за 160 милиони денари. Постигнатата ликвидност ја потврдува здравата финансиска состојба на компанијата и ѝ дозволува на ОКТА да ја прошири својата значајна инвестициска програма во области како модернизацијата на нејзините инсталации и намалувањето на влијание врз животната средина. ОКТА останува насочена кон зголемување на својот удел на пазарите каде работи.
Во текот на овој квартал, ОКТА и понатаму остана фокусирана на нејзините општествено одговорни активности, вклучувајќи ја донаторската кампања за Детската клиника, учеството на нејзините вработени во кампањата на Црвениот крст „Светскиот ден за борба против гладот”, како и придонесот на компанијата во едукативно-ориентирани проекти, како што се донацијата во лабораторијата при Технолошко – Металуршкиот факултет и проширената програма за практиканти. ОКТА е една од најголемите компании во Југоисточна Европа и стана пример за брзорастечка фокусирана кон потрошувачите, логистичка и трговска компанија која нуди висококвалитетни производи на пазарот за горива.

3К 2014

3К 2013

Во милиони денари

9M 2014

9M 2013

6.705

7.356

Приходи од продажба

16.649

20.165

210

333

 Прилагодени оперативни трошоци*

752

618

155

167

ЕБИТДА*

184

116

Слично

Поврзани вести