Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОКТА донираше сообраќајни полигони за едукација на учениците од уште две училишта

ОКТА донираше сообраќајни полигони за едукација на учениците од уште две училишта

Со донацијата на сообраќајни полигони од компанијата ОКТА, можност за едукација и забава добија учениците од основното училиште Васил Главинов во Велес и од средното училиште за рехабилитација и образование Св. Наум Охридски во Скопје. На овие полигони, покрај запознавање и учење на основните сообраќајни правила и прописи, учениците воедно ќе се едуцираат како безбедно да се движат по коловозите. Забавата беше поттикната и од театарската претстава која има за цел на интерактивен начин да ги научи учениците за тоа како треба да се однесуваат како учесници во сообраќајот, а беа дистрибуирани и боенки со едукативни илустрации на истата тема.

Донацијата е уште една активност на кампањата за подигнување на свеста за поголема безбедност во сообраќајот, „Јас внимавам“, создадена од ОКТА во соработка со Министерството за внатрешни работи. Додека најмладите ги едуцира и им поттикнува позитивни вредности, кампањата преку своите активности кај возрасната популација ја буди свеста и апелира за почитување на сите сообраќајни правила и прописи, и со тоа придонесува за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.


Слично

Поврзани вести