Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОКТА донираше бесплатен влез за повеќе од 700 деца на Златно славејче

ОКТА донираше бесплатен влез за повеќе од 700 деца на Златно славејче
Повеќе од 700 деца од социјално загрозени семејства, деца без родители и со посебни потреби од цела Македонија го следеа првиот, хуманитарен ден од 44-от по ред Фестивал на детската песна „Златно славејче 2014“. И оваа година, покровител на хуманитарната претстава е компанијата ОКТА, којашто повеќе од 15 години по ред е поддржувач на овој настан. „Златно славејче има воспоставено долга традиција и е дел од сечие детство. Тоа е момент на игра, песна, смеа и неизмерна радост. Токму затоа, сите деца треба да ја имаат подеднакво можноста да бидат дел од овој музичкиот настан. Дадената поддршка во изминатите години и посебно детската реакција на секое фестивалско издание, само нè увери во намерата дека треба да останеме и понатаму пријател на овој фестивал“, изјави Марија Ставрева, менаџер за комуникации и општествена одговорност. На овој хуманитарен фестивалски ден беа присутни  децата од посебните основни училишта, ,,Иднина“ и „Д-р Златан Сремец“ од Скопје, „Маца Овчарова“ од  Велес, „Св. Климент Охридски“  од Струмица,  и „Симче Настески“ од Тетово, како и од Заводите за рехабилитација „Топанско поле“ и „Димитар Влахов“- за слепи лица - Скопје, Заводите за згрижување „Ранка Милановиќ“ и  „25 Мај“, децата од СОС Детско село и од Домот за деца без родители „11 Октомври“ и  многу други.
Слично

Поврзани вести