Економија, финансии, бизнис

Контакт

Околу 40 проценти од корисниците на субвенции поднеле барања

Околу 40 проценти од корисниците на субвенции поднеле барања

Речиси 40 проценти од корисниците на субвенции досега доставиле апликации за добивање на финансиска поддршка од државата.

Голем одзив и поднесени апликации има од земјоделците во Неготино, а најслаб одзив е регистриран во Кратово, Македонски брод и  Струга. Фармерите имаат рок до крајот на месецов електронски или лично да достават барања за добивање на субвенции до Платежната агенција.

Се поднесуваат барањата за растителното производство, за житни и за градинарски култури, за одржување на лозови и овошни насади и за производство на сертифициран семенски и саден материјал.

Од сточарското производство се доставуваат и барања за одгледување на говеда, овци, кози, свињи, пчели и на живина.

Слично

Поврзани вести