Економија, финансии, бизнис

Контакт

Охридска банка Сосиете Женерал воведе „3D Secure“ технологија

Охридска банка Сосиете Женерал воведе „3D Secure“ технологија

Охридска банка Сосиете Женерал изврши имплементација на меѓународниот сигурносен стандард „3D SECURE“ за безбедни интернет-плаќања на сите картички од своето портфолио.

Сите издадени дебитни и кредитни Visa и MasterCard картички до 24.11.2017 година ќе го добијат бесплатно и автоматски највисокиот меѓународен сигурносен стандард за заштита ‒ „ЗD Secure“, додека сите нови издадени картички ќе го имаат вградено.

Оваа услуга претставува дополнителна сигурност во процесот на интернет-купување (електронска трговија), правејќи го интернет-купувањето посигурно на сите локални и меѓународни веб-страници, а плаќањето со картичките на Банката – заштитено. 

„3D Secure“ нуди заштита и безбедност при онлајн-купувањето преку користење на еднократна лозинка (OTP – One Time Password) за потврда на идентитетот на купувачот.

Кога се прават плаќања на продажните места на интернет на кои е истакната ознаката Verified by Visa и/или MasterCard Secure Code, клиентите мора да го потврдат интернет-плаќањето со еднократната лозинка што ќе ја добијат како СМС-порака на мобилниот телефон. Предноста на оваа технологија е потврдата на идентитетот на клиентот, со што се избегнува ризикот од кражба  и злоупотреба на податоците од картичката. 

„Во време на глобализација, зголемување на обемот на интернет-трансакции и на зачестени случаи во светот на различни видови измами и злоупотреби на податоците од картичките, неопходно е да ги заштитиме своите клиенти и да им овозможиме безбедно користење на картичките на Охридска банка Сосиете Женерал при онлајн-плаќањата. Наша обврска е континуирано да создаваме најдобра услуга, креирајќи банка на иднината. Поседувањето на меѓународните сертификати „Verified by Visa“ и „Mastercard SecureCode“ и воведувањето на технологијата „3D Secure“ во сите картички од нашето портфолио е потврда за нашата посветеност, професионализмот и посебниот однос кон нашите клиенти“, изјави Елена Глигоровска, раководител на Дирекцијата за корисничко искуство, маркетинг и комуникации на Охридска банка Сосиете Женерал.

Сите VISA и MasterCard картички издадени од Охридска банка Сосиете Женерал се автоматски регистрирани за услугата „3D Secure“, така што не е потребна никаква дополнителна регистрација. 

Услугата „3D Secure“ е бесплатна за сите клиенти на Банката и е достапна на три јазици: македонски, англиски и албански. 

Дополнително на тоа,Охридска банка Сосиете Женерал во своето портфолио на своите клиенти им го овозможува и најсовремениот начин на плаќање во светот – бесконтактниот, со картичките MasterCard Debit. Покрај едноставното користење, со овие картички плаќањето е брзо, лесно и сигурно. Бесконтактните MasterCard Debit картички ги имаат истите функционалности како и стандардните картички, со една дополнителна можност ‒ плаќање само со приближување на картичката на ПОСтерминалот, без внесување ПИН-код. 

Слично

Поврзани вести