Економија, финансии, бизнис

Контакт

Охридска банка со нови кредити ќе го поддржува финансирањето на мали и средни претпријатија

Охридска банка со нови кредити ќе го поддржува финансирањето на мали и средни претпријатија
Вицегувернерот на Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ), г. Аполонио Руиз Лигеро и членот на Управниот одбор на Охридска банка Сосиете Женерал Групацијата, г. Филип Котора, вчера во Париз потпишаа Рамковен договор за кредити за заем од 8 милиони евра наменети за финансирање на подобни инвестициони проекти и обртен капитал за мали и средни претпријатија (МСП). Кредитната линија во износ од 8 милиони евра од Банката за развој при Советот на Европа за Охридска банка ќе се користи за финансирање на инвестициони проекти за мали и средни претпријатија со цел да се подобри квалитетот и ефикасноста на нивното работење, да се зачуваат моменталните работни места и да се создадат нови можности за вработување. Кредитната линија исто така ќе се користи за финансирање на мали и средни претпријатија за обезбедување на фиксни средства и производствена опрема, кои ЦЕБ ќе ги финансира до висина од 50% од проектот (инвестицијата) и до 50.000 евра за обртен капитал наменет за МСП. Г. Аполонио Руиз Лигеро, Вицегувернерот на ЦЕБ изјави: „Со големо задоволство денес потпишавме Рамковен договор со Охридска банка Сосиете Женерал и на тој начин го потврдивме процесот на воспоставување на силна врска со една од најистакнатите институции во финансирање на мали и средни претпријатија во Македонија. Кредитот на ЦЕБ ќе придонесе за подобрување на пристапот на македонските МСП до соодветни извори на финансирање кои се критични за нивниот развој и нивната способност за задржување и креирање на работни места“ . Филип Котора, член на Управниот одбор на Охридска банка изјави: „ Осуммилионскиот Рамковен договор за кредити со ЦЕБ треба да се земе како мерка за посветеноста на Охридска банка да обезбеди долгорочно поволно финансирање на бизнис секторот во Македонија. Банката за развој при Советот на Европа е значаен партнер на Охридска банка. Нејзината мисија повикува на промовирање на инвестициите во области кои се соочуваат со пречки за раст и конкурентност. Ваквите бизнис инвестиции резултираат со вработувања и развој во секторите во кои истите оперираат. Неодамнешните повици на бизнисмените од Македонија за поголема поддршка од банките е индикатор дека треба да се обрне поголемо внимание на предизвиците со кои тие се соочуваат. Сепак тие не треба да очајуваат. Охридска банка има средства и желба да финансира одржлив раст и да им помогне да се натпреваруваат на глобалниот пазар“. Формирана во 1956, Банката за развој при Советот на Европа има 41 земји – членки. Дваесет и две од централна, источна и југоисточна Европа, вклучувајќи ја и Македонија, кои се таргет на банката се дел од листата на земји членки. Како главен инструмент на политиката на солидарност во Европа, банката финансира социјални проекти преку овозможување достапни ресурси собрани во услови кои го одразуваат квалитетот на нивниот рејтинг (ААА со Мудис, негативен аутлук, АА+ со Стандард&Пурс, стабилен аутлук и AA+ со Фич рејтинг, стабилен аутлук). На тој начин обезбедува кредити за нејзините земји-членки, како и за финансирање на проекти од општествениот сектор, во согласност со нејзините одредби од Договорот.
Слично

Поврзани вести