Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оглас за вработување во МВР

Оглас за вработување во МВР

Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека се распишува јавен оглас за прием на 50 извршители.

Имено, МВР бара 7 извршители со завршено образование од областа на информатичка технологија, електроника, телекомуникации, автоматика или вештачка интелигенција, 4 извршители со завршено образование од областа на телекомуникациите, 10 извршители со завршен Природноматематички факултет (насока хемија и биологија), 2 извршители со завршен Природноматематички факултет (насока физика), 1 извршител со завршен Машински факултет (насока моторни возила), 8 извршители со завршен  Правен факултет (5 извршители со завршен Правен факултет) и (3 извршители завршен Правен факултет и со положен правосуден испит), 8 извршители со завршен Економски факултет (насока банкарство и јавни финансии), и 10  извршители со завршен  Факултет за безбедност.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:

-да е државјанин на РМ,

-да е полнолетен, а да не наполнил 30 години живот ако за првпат заснова работен однос на работно место за кое е предвидено високо образование

-да е здравствено и психофизички способен и

-со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:

-познавање на англиски јазик (познавање на други светски јазици се смета за предност)

-познавање на работа со компјутери

Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните докази за исполнување на потребните услови за работното место, во оригинал или копија заверена на нотар:

-диплома за завршено високо образование,

-извод од матична книга на родените,

-доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност,

-сертификати и дипломи за завршени стручни курсеви и обуки и

-кратка биографија (CV)

Повеќе информации можете да прочитате на овој линк.

Слично

Поврзани вести