Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оглас за вработување во CROATIA осигурување/неживот

Оглас за вработување во CROATIA осигурување/неживот

Врз основа на Член 22 став 2. и Член 23 став 2. oд Законот за Работните односи Кроација осигурување АД Друштво за неживотно осигурување – Скопје на ден 19.10.2016 година го распиша следниот:

О Г Л А С  ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

За потреба од засновање на работен однос на работници на определено време, за извршување на работни задачи во  Дирекцијата на Друштвото во Скопје и следните подружници на Друштвото:  Тетово, Кичево, Гевгелија, Охид, Струга, Штип, Гостивар, Кавадарци, Неготино,Битола , Прилеп и Скопје

за следното работно место :

СОВЕТНИК ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ВО СЕКТОРОТ ЗА ПРОДАЖБА НА ОСИГУРУВАЊЕ

20 извршители во дирекцијата на Друштвото во Скопје и подружниците:Тетово, Кичево, Гевгелија, Охид, Струга, Штип, Гостивар, Кавадарци, Неготино,Битола , Прилеп и Скопје

Потребни квалификации и способности:

-ССС, ВСС

-Развиени комуникациски способности и јасна комуникација

-Развиени организациски способности

-Отвореност за учење нови работи и прифаќање предизвици -Способност за тимска работа

- Способност за работа под притисок и конструктивно решавање на работни предизвици

- Целосна посветеност кон работната задача

-Лојалност

-Познавање на работа со компјутер

- Искуство во осигурување (не е задолжително, но ќе се смета какопредност)

Услови и бенефиции:

-Работното време исполнува 40 часа - полно работно време

-Посета на обуки

-Можност за напредување (од пониско кон повисоко ниво)

-Гарантираната месечна нето плата ќе исполнува износ од 10.080,00 денари + можност за дополнителна провизија и други бенефити.

Потребна документација:

-CV биографија

- Мотивационо писмо

- Доказ за завршено образование

Огласот трае  15 денавклучувајќи го и денот на објавувањето.

Изборот меѓу пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45 (четириесет и пет) дена по завршувањето на огласот.

Кандидатите кои ги исполнуваат условите, апликациите да ги испратат на e-маил адреса hr@crosig.mkсо назнака - ,,ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СОВЕТНИК ЗАОСИГУРУВАЊЕ-ДИРЕКЦИЈА И СОВЕТНИК ЗА ОСИГУРУВАЊЕ – ПОДРУЖНИЦИ” или на поштенска адреса Св. ,,Кирил и Методиј’’ бр. 20, 2 кат 1000 Скопје. Поштенски фах 360.

Доколку Вашите квалификации ги исполнуваат нашите потреби и барања, телефонски или писмено ќе бидете повикани на разговор.

Со испраќање на апликација за вработување апликантите се согласни своите лични податоци да се користат за намена на огласот за вработување



Слично

Поврзани вести