Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оглас за сексуални работнички на државен германски сајт за вработување!

Оглас за сексуални работнички на државен германски сајт за вработување!

На интернет страницата на германската Федерална агенција за вработување беше искористена за рекламирање на предностите на „најстарата професија во светот“ и за вработување кандидатки за работа како сексуални работнички.

Сепак Агенцијата им се извини на Германците објаснувајќи дека огласот бил пуштен без нивна согласност и знаење.

Претходно на сајтот на федералната служба за објавување на слободни работни места, една фирма која работи со елитни придружнички, во огласот 0бара атрактивни и убави дами на возраст меѓу 18 и 40 години, „кои сакаат добро платена работа“.

Меѓу останатото било наведено дека дамите можат да бидат и без професионално искуство, а во текот на работата ќе имаат можност за авантури со реномирани бизнисмени, адвокати, доктори, спортисти, директори и многупознати личности.

Германија ја има легализирано проституцијата, но огласите за работа не се објавуваат на државниот сајт за вработување.

Слично

Поврзани вести