Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оглас за пракса во Кроација Осигурување/неживот

Оглас за пракса во Кроација Осигурување/неживот

Кроација Осигурување/неживот објавува оглас за практична работа, во Кабинетот на Генералниот директор.

Практикантите ќе имаат можност да бидат вклучени во помошни активности во работниот процес на Друштвото, конкретно во следните области:

  • Работни односи;
  • Облигациони односи;
  • Корпоративно право и
  • Следење и усогласеност со прописи.

Услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите:

  • Да се студенти во 5ти или 6ти семестар или во вториот циклус на студии на Правен Факултет;
  • Да имаат добро познавање од англиски јазик;
  • Да имаат добри познавања од MS Office;
  • Да бидат во можност да извршуваат пракса од понеделник до петок во траење од најмалку 4 часа дневно

Праксата е со времетраење од три месеци и ќе се извршува во канцелариите на Друштвото во Скопје. Практикантите ќе добиваат однапред утврден редовен месечен надоместок.

Заинтересираните кандидати може да аплицираат на zoran.pandev@crosig.mk и да испратат свое CV и информација за постигнатиот успех во студиите, со назнака Пракса за кадровски и правни работи, најдоцна до 21.08.2016 година.

Кадидатите кои ги исполнуваат условите и ќе влезат во потесниот круг на селекција, ќе бидат дополнително исконтактирани за интервју.

Слично

Поврзани вести