Оглас: „Катар Ервејс“ бара персонал од Македонија
Доколку сте отворени и комуникативни и подготвени да работите во мултинационален тим, а истовремено да се преселите во Доха или Катар, тогаш авиокомпанијата „Катар Ервејс“ го има вистинското работно место за вас.
Авиокомпанијата „Катар Ервејс“ на 13 јули организира интервјуа за регрутација на кабински персонал (стјуарди и стјуардеси) од Македонија. Од потенцијалните кандидати се бара да бидат стари најмалку 21 година, да имаат досег со рацете од 212 сантиметри, најмалку средно образование со течно говорно и писмено изразување на англиски јазик, одлично здравје и физичка подготвеност.
„Како национален авиопревозник за државата Катар, сакаме на најдобар можен начин да ја одразиме топлината и великодушната гостопримливост на Катар. Вечера во Париз, ручек во Њујорк, доручек во Монтреал, додека го обиколкувате светот на висина од 40.000 стапки во едни од најмодерните авиони во светот – ова дефинитивно не е вашата вообичаена канцелариска работа. Катар Ервејс е позната како глобална авиокомпанија со пет ѕвездички, која ги предизвикува воспоставените норми и претставува лидер во авионските услуги“, стои во огласот на оваа компанија.
Пријавувањето трае до 12 јуни 2015, се аплицира ТУКА а деталите за тоа како да се пријавите и што е потребно за апликација, ОВДЕ.
Неодамна Фактор имаше интервју со вработена македонка во оваа авиокомпанија. Дознајте ги нејзините искуства ќе ви бидат од корист доколку сте решени на овој предизвик.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/03/16/faktor-intervju-doznajte-od-prva-raka-kako-e-da-se-bide-stjuardesa-vo-katar-ervejs/" target="blank" ]ФАКТОР Интервју: Дознајте од прва рака како е да се биде стјуардеса во „Катар Ервејс“![/button]
