ОГЛАС: За 1.2 евра од час ќе чекаат ред во банка место вас
Фирма во Индија нуди услуги така што нивни вработен наместо клиентите ќе чека ред во банка откако ги укинаа банкнотите од 500 и 1000 рупии.
Редовите во банките не се смалуваат веќе две недели откако во земјата со 1.2 милијарди жители имаше деноминација.
За оние кои немаат трпение и време да чекаат, фирмата од Њу Делхи има решение и наплаќа по 1.2 евра од час.
Вработениот може да чека највеќе осум часа.
Услугите се достапни засега само за главниот град и блиските градови кои кон него гравитираат.
Индиските банки остануваат често без готовина затоа што 90% од трансакциите се прават во готово.
Со укинување на банкноти од 500 и 1000 рупии државата смета дека ќе се намали сивата економија и ќе се зголеми БДП.
Слично
