Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одземени 87 тони вештачко ѓубриво со лош квалитет

Одземени 87 тони вештачко ѓубриво со лош квалитет

Државниот земјоделски инспекторат одзеде 87 тони увезено вештачко ѓубриво со лош квалитет кое не одговара на декларацијата.

Ѓубривото потекнува од Србија, а увозник е фирма од Велес, информира денеска директорот на Инспекторатот Румен Стаменов. Тој на средба со новинарите предочи дека доколку вештачкото ѓубриво завршеше кај земјоделците, ќе предизвикаше голема економска штета.

- Квалитетот на вештачкото ѓубриво отстапува за 75 отсто. Тоа нема да се уништи, ќе биде употребено во битолската затворска економија. Не е штетно, но поради лошиот квалитет, наместо една, корисникот ќе треба да употребува по три вреќи, рече Стаменов.

Против увозникот ќе биде поднесена пријава до судските органи кои ќе одлучат дали ќе му биде изречена мерка забрана на дејност.

како што информира директорот, Инспекторатот во последните 5-6 месеци ги засили контролите. Освен вештачко ѓубриво, запленети се и средства за заштита, 6.500 литри течност и 2.030 килограми прашкаста материја со сомнителен квалитет.

Слично

Поврзани вести