Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одржан Регионален агробизнис форум во Скопје

Одржан Регионален агробизнис форум во Скопје
Во организација на Агeнцијата за странски инвестиции и промоција на извозот – Инвест Македонија и Агeнцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), денес во Скопје се одржа Регионален агробизнис форум на кој присуствуваа претставници од најголемите компании за производтсво и трговија со храна и земјоделски производи, претставници на ресорните министерства и владини агенции, комори и здруженија на производители и преработувачи од Македонија, Албанија, Бугарија, Србија, Косово, Хрватска, Босна и Херцеговина, Азербејџан, Молдавија и Украина. Главната цел на Форумот беше  размена на искуствата и анализа на предизвиците во делот на земјоделството и агробизнисот со кои се соочуваат земјите од регионот пред и по нивното зачленување во Европската Унија. Во тој контекст презентерите ја потенцираа важноста од регионално усогласување на законите, стандардите, лиценците и најпосле соработката од сите засегнати страни на регионално ниво, бидејќи само така оваа индустрија може да биде конкурентна на посакуваните европски и светски пазари. Констатирано беше дека земјите од регионов треба заеднички да работат на зголемување на трговската размена на храна и земјоделски производи, како  еден од главните услови за подобрување на економскиот раст и развој. На Форумот во неколку работни сесии се дискутираше на теми  посветени на регионалната конкурентност, зголемување на трговската размена, меѓуграничната соработка, надминувањето на нетарифните бариери, иновативните информатички бизнис решенија за земјоделството и неговата модернизација пред пристапот во ЕУ. Раководителката на секторот за извоз од Агeнцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Милица Живковска на форумот официјално го презентираше веб порталот на Агенцијата наменет за извоз, на кој сите странски и домашни инвеститори имаат можност да се запознаат детално со сите можности и начини за извоз од земјата. Во рамките на форумот се одржаа и голем број на директни бизнис средби помеѓу компании производители, преработувачи, дистрибутери и извозници на храна и земјоделски производи од регинот. Македонските претставници од приватниот сектор - , имаа единствена можност да се сретнат со претставници на најрелевантните ланци на супермаркети како што се, Агрокор, Метро, ЦБА, Веро и компании за трговија со храна супермаркети како што се, Агрокор, Метро, ЦБА, Веро и компании за трговија со храна на големо и мало.  
Слично

Поврзани вести