Одржана Африканска министерска конференција за прашањето на Сахара
На 25 март, 2019 година во Маракеш, Кралство Мароко, одржана е Африканската министерска конференција за улогата на Африканската унија во поддршката на политичкиот процес кој Обединетите нации го водат за прашањето на Западна Сахара, при што е издадена и конечна декларација со која едногласно се поддржува Одлуката 693 на Африканската унија (од 31та сесија, јули 2018), со што се потврдува единственоста на авторитетот на Обединетите нации во решавањето на прашањето за Западна Сахара.
Министерството за надворешни работи на Кралството Мароко објави документ во кој се наведени основите на споменатата Декларација, која е одобрена од 37 африкански држави кои присуствуваа на Конференцијата, вклучително и Мароко, а споменатата Одлука 693 е едногласно усвоена. Со ова се потврдува посветеноста на претседателите на државите и владите на африкансите земји-учесници, да ги надминат причините за поделба, раздор и фрагментирање кои му се закануваат на континентот, како и да го зачуваат и духот и содржината од Одлуката 693.
Понатаму, тие го пофалија основањето, според споменатата Одлука, на Тројката на Африканската унија, која претставува механизам составен од сегашниот Претседател на Унијата, од претходниот и од идниот претседател, како од Претседавачот на Комисијата на Африканската унија, со цел да се обезбеди ефикасна поддршка на напорите кои ги водат ОН. Истовремено се реафирмира и обединетиот став на учесниците во врска со конструктивната и ефективна имплементација на мандатот на Тројката на Африканската унија, за да го заштити, поддржи и зачува интегритетот на тековниот политички процес во рамки на ексклузивната рамка на Обединетите нации, под надзор на Советот за безбедност и надзор на Генералниот секретар на Обединетите Нации, со цел постигнување на “политичко, реално, прагматично и трајно решение за прашањето на Сахара, базирано на компромис”.
Исто така, земјите-учесници на Конференцијата се согласија да го поддржат специфичниот мандат доделен преку Одлуката 693 на Тројката на Африканската унија, за исклучување на било кое тело на Унијата, на било кое ниво, со цел да се мониторира развојот на политичките процеси во рамки на ОН, во врска со прашањето за Сахара. Истакната е и поддршката за Тројката за политичките процеси на ОН, која треба да биде заштитена од какво било вмешување или неконсенсуални дејства кои ги предизвикуваат напорите на Генералниот Секретар на ОН и неговиот личен претставник, или ја компромитираат кохезијата на Унијата или пак развиваат паралелни процеси кои насочуваат кон раздор меѓу земјите членки.
Во врска со погоре кажаното, Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио
Гутереш, искажа надеж дека „Сите земји
членки” ќе ги поддржат напорите на ОН насочени кон постигнување на конечно
решение на прашањето за Мароканска Сахара.
Foto: moroccoworldnews.com
