Економија, финансии, бизнис

Контакт

Односот на шалтерите – главна замерка за осигурениците на ФЗОМ

Односот на шалтерите – главна замерка за осигурениците на ФЗОМ

Фондот за здравствено осигурување на Македонија  го подобрил работењето од претходниот период , покажа анкетата спроведена од Институтот за политички истражувања - Скопје, а нарачана од Фондот за здравствено осигурување.

Според анкетата, испитаниците дека се задоволни од брзината на добивањето на услугата, времето на чекање, работното време. Забелешки имаат на односот на шалтерските работници и истакнатоста на информациите.

 62,6 проценти се изјасниле како задоволни од работењето на подрачните служби, додека 37,4 како незадоволни. Од брзината на добивање на услугата задоволни биле 56,4 проценти, а 43,6 се незадоволни. Од времето на чекање на шалтерите 52,1 отсто се изјасниле дека тоа е кратко и соодветно, за 31,4 долго.

Од односот на шалтерските работници „целосно“ задоволни биле 26,8 проценти, додека  47,5 проценти „прилично“ задоволни. 60,1 процент од изпитаниците сметаат дека е подобро правото да се оствари преку интернет отколку со доаѓање шалтер.

Анкетата според нарачателот била спроведена на репрезентативен број осигуреници во сите 30 градови каде ФЗОМ има подрачни служби.

Слично

Поврзани вести