Економија, финансии, бизнис

Контакт

Односи со јавност: Сензационална промоција или потреба за промоција на компаниите?

Односи со јавност: Сензационална промоција или потреба за промоција на компаниите?

Во деловниот свет, односите со јавност честопати се мешаат со маркетинг. Меѓутоа, иако овие две дејности можат да имаат споредливи цели, постојат суштински разлики кои ги раздвојуваат. Односите со јавноста се исто толку важни колку и маркетингот, затоа менаџментот на една организација треба сериозно да ја сфати потребата од нив.

Преку добри односи со јавност и корпоративни, интерни и екстерни односи, професионалците од оваа област се фокусираат на градење бренд, оддржување на добрата репутација, како и за општото задоволство во работата на вработените. Ангажираните професионалци за односи со јавност користат алатки кои ги помагаат квалитетните и реципроцитетни односи со медиуми, како кризната комуникација, соопштенијата за јавност наменети за пренесување одредена информација или промоции и сето она што ја носи компанијата на повисоко, препознатливо ниво. Нивната примарна цел е да се изгради и заштити позитивното мислење за организацијата, односно компанијата.

„Обидот да се изгради конкретна, позитивна слика за компанијата во заедницата, многу често не е на врвот на листата приоритети на менаџментот, иако е тоа од витално значење за нејзиниот опстанок и успех. Оддржувањето на таа позитивна слика ги охрабрува сегашните и потенцијалните клиенти и партнери, а градењето на ефективни односи со јавност често доведува до зголемување на продажбата и интерна сатисфакција, бидејќи клиентите сакаат да работат со луѓе што јавноста ги знае и почитува. Поради овие причини, важно е да се има достапен професионалец за односи со јавноста, без разлика дали е во рамките на компанијата или се ангажираат надворешни лица. Во секој случај, клучно е да се интегрираат практиките за односи со јавноста во секојдневната рутина на компанијата“, велат од тимот на Елемент ПР, агенција за односи со јавност и корпоративни комуникации која е присутна на пазарот веќе една деценија.

Во Македонија, постојат неколку институции во кои се „раѓаат” новите генерации на ПР професионалци. На Академијата за Маркетинг и ПР на Creative Hub, студентите ги учат тактиките за креирање бренд, градење и одржување на имиџот и репутацијата на една организација, како и начинот на развивање интерни односи и тоа преку редовни и гостински предавања на еминентни имиња од оваа област, како од агенцијата Елемент ПР, The P World, Marketing Group, Insider ID, Momentum Inc., McCann Skopje и други.

Повеќе информации за академиите и курсевите на Creative Hub може да се најдат на веб страницата www.creativehub.mk. 

Слично

Поврзани вести