Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одложете го варосувањето и заштедете пари со овој лесен и едноставен трик за чистење ѕидови!

Одложете го варосувањето и заштедете пари со овој лесен и едноставен трик за чистење ѕидови!

Ако се уште не планирате да го варосувате станот, а сметате дека ѕидовите треба да се освежат, постои начин да го направите тоа. Се разбира, ако често ги чистите со мокри рпи, тогаш нема потреба од ова, но ако одамна не сте им посветиле внимание, сега е вистинско време за тоа.

Пред да ги чиститетемелно, важно е да ги отстраните поголемите дамки и површината нечистотија. Тоа може  да го направите со помош на сува крпа или правосмукалка. Ако не го направите ова, најверојатно ќе се случи да оставите грда трага или дамка на секое движење на ѕидот, а со тоа само да го влошите изгледот на ѕидовите.

Откако ќе ја отстраните таа прашина од ѕидовите, време е за темелно чистење. Во кофа со вода направете мешавина од амонијак, бел оцет и сода бикарбона.

Со оваа мешавина прво избришете помалку видлив дел од ѕидот, можеби скриен зад  троседот, за да видите како варта реагира на ова средство.

Ако сте задоволни со резултатот, почнете со сунѓер или чиста ткаенина да го чистите ѕидот, од подот кон таванот. Преку чистиот дел од ѕидот потоа избришете со чиста вода.

Конечно, исушете ги ѕидовите со фен за коса или сува крпа.


Слично

Поврзани вести